Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски има посебни спомени кога во прашање е дуел против селекцијата на Црна Гора.
Токму Црногорците ќе го предизвикаат Димитриевски, во утрешниот контролен натпревар што македонската репрезентација ќе го одигра во Анталија.
„Сметам дека Црна Гора е поквалитетна репрезентација од Молдавија.
За мене посебен натпревар затоа што токму против Црна Гора дебитирав во дресот на македонската репрезентација во победата од 3:1 во Скопје.
Ќе биде потешко отколку со Молдавија. Треба да ни биде концентрацијата на највисоко ниво и да бидеме дисциплинирани во текот на сите 90 минути“,
вели Димитриевски.