Настапот на трите македонски претставници во АБА2 лигата, е причината за половична понуда викендов во Првата машка кошаркарска лига.

Три натпревари од 21.коло ќе бидат одиграни денеска, а останатите во понеделник и среда.

Дербито денеска се во Кавадарци, каде ќе се сретнат четврто и петто пласираните екипи на табелата. Во салата „Јасмин“ кошаркарите на Еуро Никел ќе го дочекаат скопски Чаир.

Во Гостивар кај истоимената домашна екипа гостува гевгелиски Кожув во дуел кој директно решава за влез во плејофот. Победа на гостиварци ќе значи и дефинитивен пласман во разигрувањето.

Лидерот на табелата Работнички продолжување на победничката низа ќе брка во дуелот со Феникс што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 21.КОЛО
сабота

19.00 ГОСТИВАР – КОЖУВ
20.30 ФЕНИКС – РАБОТНИЧКИ
21.00 ЕУРО НИКЕЛ – ЧАИР
понеделник
17.00 ОХРИД – ТФТ
среда
19.00 ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ФМП
19.00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ВАРДАР

ТАБЕЛА: Работнички 36, МЗТ Скопје Аеродром 36, Пелистер 34, Еуро Никел 33, Чаир 33, ТФТ 33, Феникс 31, Гостивар 27, Кожув 25, Охрид 25, Академија ФМП 24, Вардар 23.