Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки, на кои ќе смета за последните натпревари во квалификациите за ЕП 2024-та.
За најдобрата женска репрезентација на Македонија, остануваат да се одработат дуелите со Азербејџан и Литванија и да се потврди учеството на Европскиот шампионат.
Репрезентацијата на Македонија прво ќе гостува во Баку кај Азербејџан на 3 април (15 часот). Во Во последното коло ќе ја пречека на Литванија, а натпреварот е предвиден за 7 април во Скопје (18 часот).
На списокот на Грчевски се 35 ракометарки, од кои дури пет се нови имиња.