Одбојкарите на Струмица очекувано се вториот што обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија.

Струмичани во вториот полуфинален меч во го совладаа составот на Лирија со максимални 3:0 во сетови. Само во првиот противникот, колку толку пружи отпор и освои 20 поени (25-20). Во следните два бранителот на трофејот во Купот и актуелен шампон, на Лирија и дозволи да освои 14 односно 16 поени (24-14, 25-16).

Така во дуелот за нов трофеј во купот, Струмица ќе игра против Штип УГД кој претходно го совлада Работнички.

Финалето ќе се игра во недела од 15 часот, а претходно од 12 ќе играат дамите.

Тие пак утре ќе ги играат полуфиналните натпревари.

ОДБОЈКА КУП НА МАКЕДОНИЈА
Полуфинале (мажи) – четврток
РАБОТНИЧКИ – ШТИП УГД 0-3
ЛИРИЈА – СТРУМИЦА 0-3

Полуфинале (жени) – петок
17.00 СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ
20.00 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ

Финале – недела 24.03.2024
12.00 ФИНАЛЕ (жени)
15.00 ФИНАЛЕ (мажи) ШТИП УГД – СТРУМИЦА