Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни пет од шесте натпревари од 24-тото коло.

Екипата на Вардар одигра само 1-1 протов тетовска Шкендија, но вардарци можат да жалат за бројните пропуштени шанси и можноста за победа.

На натпреварот што се играше на стадионот „Борис Трајковски“, Вардар со голот на Бразилецот, Лемос во 16-тата минута, а по корнерот што го изведе Глишиќ повее со 1-0. Во вториот дел „битката“ се разгоре. Како резултат на таквата игра беа исклучувањата на Омерагиќ кај домаќините и Мелиќи кај гостите. Вардарци имаа две големи шанси за втор гол, кои не успеаја да ги искористат. Следуваше казна на спротивната страна преку Аганспахиќ за израмнување на 1-1 во 79-тата минута.

Стрелците денеска не беа расположени, па на останатите натпревари беа постигнати само уште четири гола. Во Кратово, беше најефикасно каде Силекс со голот на Антонио Каланоски (55.минута) ја победи струмичка Брера.

Еден гол го реши дуелот во Ѓорче Петров, каде Крсте Велковски од пенал и донесе триумф на Македонија во дуелот со Тиквеш.

Останатите две средби завршија без голови. Колото ќе биде комплетирано утре со натпревари Работнички – Струга ТЛ.

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА – 24.КОЛО
сабота

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-1
СИЛЕКС – БРЕРА СТРУМИЦА 2-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1-0
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 0-0
недела (15 часот)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

Standings provided by Sofascore