Екипите на Работички и Гостија ги оправдаа фаворитските улоги во дуелите со Кожув и Академија ФМП. Двата тима во натпреварите од 20-тото коло забележаа победи.

Лидерот на табелата Работнички славеше над гевгелискиот Кожув со 19 разлика (92-73). Во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата на Работнички, кој имаше и најголеми 21 поен разлика. Џелетовиќ со 19 поени и Рикиќ со дбл-дабл ефект со 17 поени и 10 скокови беа првите имиња во победничката екипа. Кај гостите, Брендон Пен постигна 22 поени и беше најефикасен на натпреварот.

На дуелот во Кисела Вода, Гостивар го совлада составот на Академија ФМП (102-82) и направи исчекор кон осмото место, последно што води во плејофот.

По израмнетото прво полувреме кое заврши со два поени предност за Гостивар (46-44), во третиот период гостите ја направија клучната предност. По 30,минути игра гостиварци имаа и 26 поени разлика, па последната четвртина беше чиста формалност. Странците беа во „преден“ план, па Инграм со 28 и Вилијамс со 26 поени беа најефикасни кај победникот, а Робертс постигна 22 поени за поразениот тим.

Вечерва (21 часот), пред празни трибини, останува да се доигра натпреварот меѓу Чаир и МЗТ Скопје, во кој гостите ќе го почат второто полувреме со два поени предност (42-44).

Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА – 20.КОЛО
сабота

21.00 ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ недоигран (42-44)
АКАДЕМИЈА ФМП – ГОСТИВАР 92-73
РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ 82-102
недела
20.00 ФЕНИКС – ОХРИД
Претходно одиграно
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 74-86
ТФТ – ЕУРО НИКЕЛ 73-56

ТАБЕЛА: Работнички 36, МЗТ Скопје Аеродром 34, Пелистер 34, Чаир 32, Еуро Никел 33, ТФТ 33, Феникс 30, Гостивар 27, Кожув 25, Академија ФМП 24, Охрид 23, Вардар 23.