Младиот македонски кошаркар и репрезентативец Андреј Јакимовски подложи со својот одличен настап во Универзитетската (НЦАА) лига.
Јакимовски со Вашингтон Стејт Универзитетот ќе игра во полуфиналето на дивизијата ПАК-12, на турнирот во Лас Вегас. Популарните „Кугарс“ ноќеска славеа рутинска победа во дуелот од четвртфиналето против Стенфорд Универзитетот со 79-76.
Јакимовски на паркетот мина 32.минути, период во кој постигна 13 поени (11 во прво полувреме), на кои додаде шест скока.
Јакимовски и Вашингтон сега ги чека дуел во полуфиналето против Колорадо Универзитетот и тоа веќе ноќеска во 3.30 по полноќ.