Младата машка репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години славеше победа на гостувањето кај Црна Гора.
Во првиот од двата контролни натпревари во Подгорица, македонските кадети славеа убедливо со осум голови разлика (28-20).
Избраниците на селекторот Наум Танески, одиграа на посакуваното ниво и заслужено се радуваа на победата.
Овој како и утрешниот натпревар (13 часот), се дел од подготовките за двете селекции за Европскиот шампионат, што ќе се одржи токму во Црна Гора.