Денеска и утре ќе дознаеме уште четири екипи кои ќе продолжат во следната рунда на фудбалската Лига на шампиони.

На програмата се четири реванш дуели од осминафиналето. Вечерва ќе се игра во Барселона и Лондон.

Шпанската Барселона ќе биде домаќин на италијанскиот првак Наполи. Тимовите тргнуваат од „нула“ имајќи в предвид дека натпревар првиот одигран на стадионот „Диего Армандо Марадона“ заврши нерешено 1:1.

Барса е непоразена осум натпревари по ред во сите натпреварувања. Што се однесува до директните натпревари, Барселона е непоразена од Наполи во последните пет натпревари (две победи, три нерешени).

Домашниот тренер Чави е под огромен притисок од јавноста иако во екипата недостасуваат дури шестмина првотимци. Шпанските медиуми шпекулираат дека евентуална елиминација на Барса, ќе значи и дефинитивен крај за Чави.

Во вториот натпревар во Лондон, Арсенал го пречекува Порто во меч во кој домаќините ќе стартуваат со гол негатива (0-1 прв меч)

Тоа беше пред три недели, а во меѓувреме Арсенал се искачи на врвот во Премиер лигата. „Топчиите“ имаат три победи во три кола. Порто кој е трет во португалската лига, на шест натпревари по ред немаат пораз во сите натпреварувања.

Арсенал сезонава во Лигата на шампионите на својот „Емирати“ има три победи со гол разлика 12:0. Порто пак во групната фаза остари две победи и едно реми.

Кој екипи ќе им се приклучат на Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен и ПСЖ во четвртфиналето, ќе видиме по дуелите што ќе почнат од 21 часот.

Утревечер ќе се одиграат последните два реванш осминафинални натпревари.

ЛИГА НА ШАМПОНИ – 1/8 ФИНАЛЕ реванш
12 март (21 часот)

БАРСЕЛОНА – НАПОЛИ (1-1 прв натпревар)
АРСЕНАЛ – ПОРТО (0-1)
13 март (21 часот)
АТЛЕТИКО МАДРИД – ИНТЕР (0-1)
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ПСВ (1-1)
Претходно одиграно
МАНЧЕСТР СИТИ – КОПЕНХАГЕН 3-1 (3-1)
РЕАЛ МАДРИД – ЛАЈПЦИГ 1-1 (1-0)
БАЕРН МИНХЕН – ЛАЦИО 3-0 (0-1)
Р. СОСИЕДАД – ПСЖ 1-2 (0-2)