Екипата на Шампион во 16 коло од женската Супер лига го пречека тимот на Куманово. Иако гостинките се измачија, но сепак успеа да го совлада Шампион со 32:18.


Домаќинот на почетокот на натпреварот во 5-тата минута успеа да поведе со 3:1. Кумановки со серија 3-0 веднаш израмнија па потоа и поведоа со 4:3. Гостинската екипа во 14-тата минута ја зголеми предноста на +3 (9:6). Шампион дадоа напор и во 20-та минута израмнија на 10:10.

Куманово не се откажа и повторно на пет минути пред крајот поведе со минимални 14:13. На полувреме кумановки заминаа со +2 (15:13).

Во почетокот на втората половина Куманово ја зголеми предноста на 16:13.

Гостинската екипа успешно на одржуваше оваа предност иако домаќините се обидуваа да ја намалат негативата. Тие во 46-тата минута со серија 5-0 успеа да поведе со +8 (23:16). Куманово постепено само ја зголемуваше предноста па во 52 минута поведе со 27:17. Крајниот резултат беше 32:18.

Најефикасна од Куманово беше Јана Ѓошевска со дванаесет погодоци, додека од поразениот тим Петровска Ангела даде осум гола.

Ивона Кимовска