Кошаркарите на Голден Стејт брзо го „преболеа“ поразот од Бостон од кој пред три дена загубија со дури 52 разлика. Ноќеска „Воините“ славеа против Милвоки убедливо со 35 разлика.

Требаше да биде дерби на вечерта, но натпреварот се одвиваше во еден правец. Освен во воведните 2 минути кога водеа „Бакси“, се останато мина во знакот на домаќините кои последната четвртина ја добија со 32:9. На крајот Голден Стејт славеше со конечни 125-90.

Стеф Кари со 29 поени, осим скокови и пет асистенции ги предводеше домаќините до оваа победа. На спротивната страна Антетокумпо беше прв стрелец со 23 поени.

Во Лос Анџелес „Лејкерси“ беа надиграни од Сакраменто со 130-120. На овој натпревар гостите клучната предност ја направија во вториот период што го добија со 18 разлика.

Де Арон Фокс беше прво име не само кај „Кингси“ туку у на натпреварот постигнувајќи 44 поени. Бадијала остана двојниот ефект на Леброн Џејмс со 31 поен и 13 скокови, бидејќи Лејкерси сега се 10-ти, но со шест победи повеќе од Јута.