Екипите на Спортинг Лисабон и Аталанта одиграа без победник во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа. Дуелот што се одигран на стадионот „Хозе Алваладе“ во Лисабон заврши со резултат 1:1.

Работите подобро почнаа за домашниот тим. Веќе во 17-тта минута Паулиљо донесе предност за Спортинг со 1:0. Италијанскиот претставник брзо ги консолидира редовите. Се играше 39.минута кога Русинот, Миранчук астираше за Џанлука Скамака кој израмни на 1:1.

Имаше иницијатива гостинската екипа и во продолжението. Создадоа неколку шанси за гол, но резултатот остана истиот (1:1).

Реванш натпреварот во Бергамово ќе се игра на 14 март, а во четврток на програмата се останатите седум, први дуело од осминафиналната рунда.

УЕФА ЛИГА НА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ
18.45 часот
РОМА – БРАЈТОН
СПАРТА ПРАГА – ЛИВЕРПУЛ
КАРАБАХ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
21.00 часот
ОЛИМПИК МАРСЕЈ – ВИЉАРЕАЛ
БЕНФИКА – ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС
ФРАЈБУРГ – ВЕСТ ХЕМ
МИЛАН – СЛАВИЈА ПРАГА
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – АТАЛАНТА (5 март)