Најнеизвесниот од деветте натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата беше дербито во Денвер. Актуелниот шампион тимот на „Нагетс“ загуби од Феникс по продолжение со 107-117 (102-102).
Гостите во третата четвртина имаа и 22 поени предност, но се спасија од пораз откако Кевин Дурант на 22.секунди погоди тројка за израмнување (102-10). Денвер, поточно Никола Јокиќ не го искористи последниот напад па се играа дополнително пет минути.
Во продолжението со тројките на Кевин Дурент „Сонцата“ направија предност која домаќините не можеа да ја анулираат. Со тоа Феникс ја прекина низата од пет победи на Денвер, а ја оствари својата прва на последните три меча.
Дурент со 35 поеби беше прв стрелец на натпреварот и во гостинската екипа за која Мареј и Ален додадоа по 28. Никола Јокиќ натпреварот го завршиш со дабл-дабл со 25 поени и 16 скокови.
Ниту Лука Дончиќ кој имаше троен ефект 39 поени, 11 асистенции и 10 скока, не му помогна на својот тим Далас да избегне нов пораз. „Маверикси“ загубија од Индијана со 12-137.
Кливленд ја прекина победничката низа на Бостон. Со „забивање“ на Дин Вејд на 19,1 секунда до крајот на натпреварот „Кавс“ славеа со го победија Бостон со 105:104. Ова беше првиот пораз на „Селтикси“ по 11 победи во низа почнувајќи од од 1 февруари.