Иако вообичаено е во сабота да има барем еден прволигашки натпревар од македонскиот фудбалски шампионат, викендов тоа нема да биде случај. Сите натпревари прволигашите ќе ги играат утре (недела), но затоа сите дуелот од 18.коло во Втората лига на програмата се денеска.

Дербито на колото ќе се игра во с. Голема Речица, каде ќе играат Арсими и Детонит Плачковица. Ова е дуел на екипите кои се на четвртото и третото место на табелата.

Имајќи го во предвид бодовното салдо, ова најверојатно е решавачки натпревар за позицијата која води во баражот за Првата лига.

Што се однесува до двете првопласирани екипи. Лидерот на табелата Беса го пречекува составот на Новаци, а битолски Пелистер кој е втор, е домаќин на Каменица Саса.

Сите натпревари ќе се играта во терминот од 14 часот, a дербито може да го гледате во живо овде.

ВТОРА ЛИГА – 18.КОЛО
сабота (14 часот)

АРСИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
БЕСА – НОВАЦИ
ПЕЛИСТЕР – КАМЕНИЦА САСА
СКОПЈЕ – КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА
ОХРИД – ПОБЕДА
ТЕТЕКС – БЕЛАСИЦА
ВАРДАР НЕГОТИНО – КАРАОРМАН
БАШКИМИ – ОСОГОВО

Standings provided by Sofascore