Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ продолжува со фантастичните настапи. Популарниот Нено кој ја предводеше Македонија во евро-квалификациите, сега одигра брилијантно и во дресот на Уникс Казан.
Димитријевиќ го предводеше Уникс до победа над Локомотив Кубан со 80-76.
Ова практично беше реприза на ланското финале, а сега од редовното коло во ВТБ лигата.
Димитријевиќ беше најдобар играч на натпреварат кој го заврши со 23 поени од кои дури 18 во првото полувреме.
Дава тима сега имаат идентичен „скор“ и се на првите две позиции на табелата.