Воведниот натпревар од 4.коло во машката ракометна суперлигашка плејоф конкуренција ќе се игра денеска.

Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ ракометарите на Вадар го пречекуваат составот на Струга.

Вардарци важат за апсолутен фаворит и се друго освен победа на црвено-црните ќе биде огромно изненадување. Вардар во овој меч влегува по поразот од Тиквеш во минатото коло по кој падна на 6.место на табелата.

Стружани пак сеуште се на нула, бидејќи ги загубија сите три натпревари во плејоф конкуренцијата.

Останатите натпревари од ова коло на програмата се пристојниот викенд, а дербито ќе се игра во недела кога Охрид ќе го пречека водечкиот Алкалоид.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 4.КОЛО
петок

18.15 ВАРДАР – СТРУГА
сабота
18.00 БУТЕЛ – ТИКВЕШ
недела
18.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ
18.30 ОХРИД – АЛКАЛОИД

ТАБЕЛА: Алкалоид 12 бодови, Еурофарм Пелистер 11, Охрид 8, Тиквеш 7, Вардар 6, Пролет 3, Бутел 1 и Струга 0.