Претстојниот викенд, 2 и 3 март, ќе се игра завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција.

Четирите најдобри екипи од прволигашкото друштво ќе се брат за трофејот. Натпреварите ќе се играат во СЦ „Кале“ , а влезот за сите натпревари е слободен.

Актуелниот бранител на Куп трофејот од лани, МЗТ Скопје Аеродром, за противник ќе ја има екипата на Вардар. Овој натпревар ќе се игра во вечерниот терми, а во првото полуфинале ќе играат шампионот Баскет Кам и екипата на Крива Паланка.

КОШАРКАРСКИ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2024 – ЖЕНИ
сабота (2 март)
ПОЛУФИНАЛЕ

16.00 БАСКЕТ КАМ – КРИВА ПАЛАНКА
18.30 ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
недела (3 март)
ФИНАЛЕ
16.15 ______ (пренос МРТ3)