Одбојкарките на Струмица ја продолжуваат победничката низа во Првата женска лига. Сега низата на струмичанки е 16 победи во првенството.

Во натпреварот од 2.коло на плејоф конкуренцијата, струмичанка со 3:1 во сетови го совладаа составот на Јанта волеј. Во првите два сета гостинките од Скопје пригода голем отпор. Домаќинките го добија првиот сет со 25:22, а вториот им припадна на гостинките 25:27. Сепак во следните два, одбојкарките на Струмица уште еднаш дојдоа до израз. На противникот му препуштија по 14 поени, а мечот го добија со конечни 3:1.

Актуелниот шампион Работнички, се враќа на победничките патеки. До својата деветта победа сезонава стигнаа во дуелот со Наколвски волеј во три сета (25:9, 25:22, 25:22). Со тоа двете екипи сега имаат ист „скор“ по 9 победи и 7 порази.

Во разигрувањето за опстанок (фаза-2), убедливи победи со 3:0 во сетови забележа Фит Фан волеј и Вардар ЕМ.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ), ВТОРА ФАЗА-1, 2-РО КОЛО
СТРУМИЦА – ЈАНТА ВОЛЕЈ 3:1
РАБОТНИЧКИ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 3:0

ТАБЕЛА: Струмица жени 16-0, Јанта волеј 12-4, Наковски волеј 9-7, Работнички Скопје 9-7.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ), ВТОРА ФАЗА-2, 2-РО КОЛО
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД 3:0
ВАРДАР ЖЕНИ – ВАРДАР ЕМ 0:3

ТАБЕЛА: Фит фан волеј 8-8, Младост УГД 6-10, Вардар ЕМ 4-12, Вардар жени 0-16.