Македонските кошаркари со пораз го почнаа циклусот на квалификации за Европското првенство 2025-та година.
не помогна нити публиката, во преполната сала на СЦ „Кале“ во Скопје, па Македонија загуби од Естонија со 69-74.
Нашата репрезентација подобро го отвори натпреварот. Во 5.минута жолто-црвените поведоа со шест разлика 16-10. Гостите брзо се созедоа, па со серијата од 9-0 тие го презедоа водството (16-19). Сепак, Македонија ја доби четвртината минимално со 20-19.
Агресивната игра во одбраната придонесе Естонците да направат многу грешки (11). Предводени од Димитријевиќ (16.поени) и Хап (12), нашите кошаркари во финишот на полувремето во два наврати ги имаа највисоките +9 (41-32 и 43-34). На одмор заминаа со +7 (43-36).
Второто полувреме, македонските кошаркари три минути не постигнаа поен. Тоа гостите го искористија и поведоа (43-45). Тогаш одговорноста ја презеде Димитријевиќ кој врза шест поени во низа. Сек, Естонците беа подобри во тој период, па во последниот влегоа со предност од четири поени (53-57).
Дополнителните проблеми дојдоа на нецели 7 минути пред крајот, кога Димитријевиќ се пожали на повреда при водство на противникот (56-59). На, 3:22 до крајот Нено се врати во игра при водство на Естонија (62-67), но беше предоцна. Противникот беше во ритам и со тројката на Вене на 102.секунди до крајот поведе со +10 (63-72). На крајот Естонците славеа со пет разлика 69-74.
Ненад Димитриевиќ беше прв стрелец со 25 поени на кои додаде 3 асистенции. Итан Хап натпреварот го заврши со дабл-дабл со 18 поени и 10 скокови, но тоа беше мала утеха.
Следен противник на Македонија ќе биде ко-домаќинот на Евробаскетот, Полска. Натпреварот ќе се игра во понеделник од 18 часот, термин во кој ќе играат и Естонија – Литванија.