По паузата поради „Ол-стар“ викендот, возбудувањата во НБА лигата повторно се вратија.

Вечерта мина во знакот на Балканците, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Србинот со својот Далас славеше над Вашингтон со 130:110. Јокиќ натпреварот го заврши со троен учинок со 21 поен со 19 скока и 15 асистенции.

Со тоа Јокиќ им се приклучи на Леброн Џејмс и Расел Вестбрук како единствените кошаркари кои успеале да остварат трипл-дабл против сите тимови. За Јокиќ тоа беше 121-ви „трипл-дабл“ во кариерата, а 137-ми ако го вклучиме плеј-офот.

Лука Дончиќ пак го предводеше Далас до триумф над Феникс со 123-113. На Словенецот му недостасуваше едно успешно додавање за да дојде до трипл-дабл. Лука натпреварот го заврши со 41 поен, 11 асистенции и 9 скока.

Во интересниот натпревар Кајри Ирвинг постигна 29 поени за победникот, а Девин Букер 35 поени, додека Кевин Дурент 23 поени во поразениот тим.

На останатите натпревари беа постигнати овие резултати:
Кливленд – Орландо 109:116
Индијана – Детроит 129:115
Филаделфија – Њујорк 96:110
Торонто–Бруклин 121:93
Чикаго – Бостон 112:129
Њу Орлеанс – Хјустон 127:105
Оклахома – ЛА Клиперс 129:107
Јута – Шарлот 107:115
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 128:110
Сакраменто – Сан Антонио 127:122