Репрезентацијата на Литванија со победа ги почна квалификациите за Европското кошаркарско првенство 2025-та.
Во воведниот натпревар од „Х“ групата во која игра и Македонија, вечерва Литванците ја совладаа селекцијата на Полска.
Квалитетна кошарка понудија двете селекции кои играа одлична одбрана во првото полувреме. Како резултатот на таквата игра и малиот број на постигнати поени. На паузата домаќините заминаа со пет поени предност (35:30).
Во вториот дел. Литванците брзо отидоа на двоцифрена предност која рутинирано ја одржуваа. На крајот фаворити славеше победа со конечни 83:64.
Најефикасен на натпреварот беше Михал Соколовски кој за Полска, постигна 26 поени. Кај Литванците прв стрелец со 20 поени беше Освалдас Олисевичиус.
Утре во оваа конкуренција својот прв натпревар ќе го играат Македонија и Естонија. Натпреварот ќе се игра во СЦ „Кале“ со почеток од 19 часот.
Во 2.коло, Полска која е ко-домаќин на Евробаскетот ќе ја пречека нашата селекција. во соседското дерби Естонија ќе биде домаќин на Литванија.