Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва го очекува нов тежок натпревар во елитната Лига на шампиони.
Битолчани гостуваат во Германија кај европскиот гигант Кил.
Ова е натпревар од 12.коло во А групата, во која Кил е лидер на табелата е еден од главните претенденти за директен пласман во четвртфиналето.
Воедно германскиот тим важи и за еден од ТОП фаворитите за освојувањето на трофејот во елитното натпреварување.
Сепак, пелистерци кои на претходните 11 натпревари доживеаја исто толку порази, во Германија не заминаа со „бело знаме“.
Надежта за поволен резултат, па макар тоа било и „реми“ пелистерци ги гледаат во играта на првата меѓусебна пресметка во Битола. Тогаш фаворитот потешко од очекуваното славеше победа со со 23-20.
Натпреварот меѓу Кил и Еурофарм Пелистер ќе се игра во терминот од 18.45 часот. Во оваа група вечерва ќе играат ПСЖ и Киелце.
Вчера Алборг го победи ПИК Сегед со 31-26, додека Загреб го изненади Колстад на гостински терен со 34-25 .