Младиот македонски кошаркар, Рубин Стефанов одигра уште еден брилијантен натпревар за својата италијанска екипа Унибаскет Ланчијано.
Стефанов „сам“ ја победи фаворизираната екипа на Виртус Болоња.
Во натпревар од развојната лига до 19 години, Унибаскет Ланчијано го совлада Виртус со 90:79.
Стефанов во одигра најефикасниот свој меч сезонава постигнувајќи речиси половина од поените на својата екипа. Руби натпреварот го заврши со рекорди за него сезонава 43 постигнати поени.
Со вкупно 353 поени Стефанов е прв стрелец во својата екипа со просек од речиси 21 поен по натпревар.
Инаку Руби покрај оваа млада екипа, настапува и во третата по конкуренција сениорска лига. Тој е дел од тимот на Пескара во кој е втор стрелец со просечни 13,7 поени по натпревар.
Потсетување дека Рубин е најмладиот наш кошаркар кој веќе одбележа настап за сениорската репрезентација на Македонија.
Само по себе се наметнува прашањето.
Зошто Стефанов не се најде ниту на поширокиот список на селекторот Јончевски за претстојната „акција“ на македонските сениори, евро-квалификациите!?