Одбојкарките на Струмица ја продолжија победничката низа. Струмичанки во првиот меч од втората фаза на првенството, го совладаа шампионот Работнички со 3-1.

Иако гостинките од Скопје, го освоија првиот сет со 25:17, следните три го добија домаќинките. Во вториот и третиот одбојкарките на Струмица беа убедливи и на противнилките им препуштија само 15, односно 14 поени. (25:15 и 25:14)

Во четвртиот сет се водеше голема борба во кој беа одиграни 54 поени, а им пропадна на домаќинките со 28:26.

Сега серијата на Струмица е 15 победи во исто толку одиграни натпревари во првенството, не сметајќи го купот.

Вториот натпревар од оваа конкуренција беше далеку по неизвесен. Во него беа одиграни максимални пет сета, а победа остварија одбојкарките на Јанта волеј кои со 3:2 го совладаа Наковски волеј.

Во конкуренцијата за опстанок во лигата, Фит Фан волеј убедливо со 3:0 го победи составот на Вардар жени кои сеуште се нема израдувано. Утре во оваа конкуренција ќе играат Младост УГД и Вардар ЕМ.


ПРВА ЛИГА (жени)
ВТОРА ФАЗА-1, 1.КОЛО
СТРУМИЦА ЖЕНИ – РАБОТНИЧКИ 3:1 (17:25, 25:15, 25:14, 28:26)
ЈАНТА ВОЛЕЈ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 3:2 (23:25, 25:19, 25:19, 21:25, 15:8)

ТАБЕЛА: Струмица жени 15-0, Јанта волеј 12-3, Наковски волеј 9-6, Работнички Скопје 8-7.

ВТОРА ФАЗА-2, 1.КОЛО
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – ВАРДАР ЖЕНИ 3:0 (25:15, 25:22, 25:16)
МЛАДОСТ УГД – ВАРДАР ЕМ (понеделник, 18.00)

ТАБЕЛА: Фит фан волеј 7-8, Младост УГД 5-9, Вардар ЕМ 3-11, Вардар жени 0-15.