Првата „пролетна“ рунда во женскиот македонски ракомет го донесе и првото дерби.

Во дуелот од 14 коло на Супер лига, екипата на Чаир го совлада Вардар со 33:30.

Домаќините на почетокот успеаја да создадат предност од 3:0. Чаир без мака ја одржуваа оваа предност, а во во 12.минута ја удвои (9:4). Вардар со серија 5-1 успеа да стигне до еден гол негатива (10:9). До крајот на оваа половина Чаир ја одржуваше предноста, а на полувреме домаќините заминаа со позитива од 15:13.

Втората половина започна повторно со серија од 3-0 на Чаир и водство од 18:13. Но, црвено-црните не се откажаа и во 36-та минута намалија на 18:16. Во неколку наврати Вардар успеваше да намали но, не и да израмни.

на пет минути пред крајот домаќинките поведоа и со +5 (32:27), што се покажа како решавачко, на крајот Чаир славеше со конечни 33:30.

Најефикасна во победничката екипа беше Теодора Дукоска со 13 погодоци, а од Вардар капитенот Ивона Трпевска постигна осум погодоци.

Со оваа победа чаирчанки се вратија на второто место на табелата, зад не поразениот тим на Ѓорче Петров. Вардарки останаа петти.

Ова беше последниот натпревар од 19-тото коло, во кое останатите дуели се одиграа вчера.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 14.КОЛО
недела
ЧАИР – ВАРДАР 33-30
сабота
СКОПЈЕ – АСТИБО 37-22
КУМАНОВО – ГЕВГЕЛИЈА 32-16
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ШАМПИОН 28-28
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР 46-12
СПАРТАК – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 22-45
ДЕСПИНА – СТРУЖАНКА 18-20

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 42 бодови, Чаир 37, Металург Автокоманда 36, Куманово 33, Вардар 28…

Ивона Кимовска