На денешниот маратон во Севиља, Шпанија македонскиот маратонец Дарио Ивановски постави нов државен рекорд во најтешката атлетска дисциплина – маратонот.
Тој маратонската патека ја истрча за 2:08.25 часа.
На стартната линија се појавија преку 250 елитни маратонци од целиот свет, со цел да исполнат норма или подобар резултат за учество на ОИ во Париз и ЕП во Рим.
Меѓу нив беше и најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски кој со постигнатиот резултат од 2:08:25. Тоа е за само за 15 секунди до олимписката норма за Париз, но исполнета е норма за учество на Европско првенство во атлетика во Рим.
Со овој резултат Дарио ќе скокне на ранг листата за учество на Олимписките Игри во Париз, со што би требало да значи и обезбедено место за олимпискиот маратон во Париз.
Досегашниот македонски рекорд беше исто така во сопственост на Дарио Ивановски поставен на 3 декември 2023 во Валенсија. Тој изнесуваше 2 часа 11 минути и 53 секунди.
БРАВО ДАРИО!