Како ретко досега Битола деновиве живее во ритамот на кошарката. Градот на „конзулите“, од четвртокот е домаќин на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Н задоволство на домаќините, особено навивачката група на пелистерци „Чкембари“, нивниот тим ќе се бори за трофејот.

Пелистер во финалето ќе го предизвика бранителот на пехарот и актуелен шампион МЗТ Скопје Аеродром.

За разлика од аеродромци кои порано ја завршија полуфиналната обврска, пелистерци имаа помалку време за одмор пред денешното финале.

Но, според фотографијата, очигледно дека напорот од дуелот со Еуро Никел, е веќе минато, па кошаркарите мирно и релаксирано го чекаат финалето.

„Чкембари“ јасно порачаа „сакаме титула“, а сигурно дека тие ќе бидат „шестиот играч“ на Пелистер од трибините во салата „Боро Чурлевски“.

Во неа се очекува и присуството на „Фемили Аеродром“ навивачите на МЗТ Скопје, па финалето би требало да блесне во полн сјај.

Дуелот за куп трофејот меѓу Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром ќе почне од 18 часот.

Истиот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

🔴▶ ФИНАЛЕ | ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО