Најдобриот играч (МВП) на минатогодишниот куп, Војдан Стојановски верува во успех на својот тим. 

Војдан смета дека дисциплината и борбеноста може да донесе победа во полуфиналната пресметка со лутиот ривал Работнички. 

„Куп натпреварите се нешто посебно. Тоа е еден натпревар во кој решава желбата и мотивот за победа.

Добро се познаваме двете екипи. Ние треба да одиграме како вчера, борбено за секоја топка и сконцентрирано и дисциплинирано во нападот.

Тоа е предуслов за добар резултат. Неодамнешниот пораз е веќе зад нас, заборавен и сега сме сконцентрирани на денешниот натпревар“,

изјави Војдан Стојановски. 

Стартот на полуфиналниот натпревар меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички е закажан 17 часот, а истиот ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ. 

🔴▶ СЛЕДИ (ГЛЕДАЈ) ВО ЖИВО