Битола сега е кошаркарски град. Ова особено важи откако екипата на Пелистер вечерва обезбеди пласман во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија.
Помогнати од домашната публика, пелистерци го совладаа Еуро Никел и се изборија за финалниот меч.
Но, работата не е завршена и утре претстои најважниот натпревар за Пелистер, смета Јуре Планиниќ кој беше еден од најдобрите поединци во полуфиналниот меч.
„Ова беше тежок натпревар. Исполнивме се што се договоривме. Еуро Никел е добар тим, па затоа ова е голема победа за нас.
Но, ништо не е готово, бидејќи следни финалето со МЗТ Скопје.
Мора прво добро да одмориме, колку е тоа можно, а потоа и да се подготвиме за МЗТ.
Голема благодарност до сите кои дојдоа да ни дадат поддршка.
Навивачите беа нашиот шести играч, а се надевам дека утре ќе бидат во уште поголем број“, изјави Планиниќ.
Ќе успее ли Пелистер да го освои првиот кошаркарски трофеј останува да видиме по утрешното финале со МЗТ Скопје.