Кавадаречки Еуро Никел (поранешен Фени) одамна (2017-та) нема играно во финалето на Купот на Македонија. 

На патот до финалето им стои домаќинот на завршниот турнир Пелистер, тим кој пред 20-тина дена по продолжение го совладаа во Битола.

Дарко Соколов, еден од најискусните во редовите на Еуро Никел, смета дека противникот има слабости кои кавадарчани може да ги искористат. 

„Бидејќи се домаќини, им препуштаме ја препуштаме фаворитската улога.
Сепак, тоа не значи дека влегуваме со “бело знаме“, напротив.

На последниот натпревар во Битола ги победивме и тоа ни дава мотив повеќе.

Пелистер маат има доста слаби страни, кои ние треба да ги искористиме.
Треба да играме “5-на-5“ позиционо, да ја забавиме нивната транзиција.

Верувам дека можеме да го сториме тоа и да се израдуваме на финале“,
изјави Соколов. 

Кој ќе биде вториот финалист ќе дознаеме по дуелот чиј почеток е закажан за од 19.30 часот. 

Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

🔴▶ СЛЕДИ (ГЛЕДАЈ) ВО ЖИВО