Осум желби, а само еден трофеј, за најдобриот тим на завршницата во кошаркарскиот Куп на Македонија.
По подолг период, ова натпреварување ќе се игра надвор од Скопје. Салата „Боро Чурлевски“ од денеска до сабота ќе биде домаќин на осумте екипи кои ќе атакуваат на трофејот.
Бранител на трофејот од лани е актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром. Ако се оди според планот, односно ако МЗТ и Работнички кои се најтрофејни во ова натпреварување би се судриле во полуфиналето. Аеродромци одбраната на титулата ќе ја почне против Гостивар, а Работнички ќе игра против ТФТ во четвртфиналето.
Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од дуелите Еуро Никел – Чаир и Пелистер – Феникс.
Денеска ќе се играат четвртфиналните утре полуфиналните, а финалниот меч за трофејот е во сабота од 18 часот.
Сите натпревари ќе може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (ЛИНК)
КУП НА МАКЕДОНИЈА (мажи) – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
четврток
12.00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ГОСТИВАР
14.30 ЕУРО НИКЕЛ – ЧАИР
17.00 РАБОТНИЧКИ – ТФТ
19.30 ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС