Битола е во фокусот на вниманието на спортската, пред се кошаркарска , јавност. Таму денеска стартува завршницата на Купот на Македонија во машка конкуренција.
Одбраната на титулата освоена лани на турнирот екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе ја започне против Гостивар во натпреварот од 12 часот.
Шампионот важи за фаворит, не само на овој натпревар туку и воопшто на турнирот.
Се надевам на убава атмосфера, фер-плеј и наша победа на крајот. Гостивар два пати го победивме оваа сезона, но тоа ништо не значи иако влегуваме како фаворити во ова натпреварување“, истакнува Марко Миловановиќ.
Со тоа се согласува и искусниот капитен на Гостивар, Војче Лефкоски.
„Како и да гледаме, реално, МЗТ Скопје е веројатно и најквалитетната екипа на собирот во Битола.
Актуелен шампион, бранител на трофејот, со еден збор фаворит за освојување на уште еден.
Ние одиме во Битола со доста проблеми, и со мал број на тренинзи во комплетен состав. Извесно, нема да бидеме комплетни и на овој натпревар.
Но, знам дека оние кои ќе излезат на теренот, ќе го дадат својот максимум од можностите.
За што ќе биде доволно тоа, останува да видиме во текот на тие 40.минути“, вели Лефкоски.
Дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар е првиот на „фајнал-8“ турнирот во Битола, а ќе почне тоќно напладне (12 часот)