Ватерполистите на Италија се пласираа во финалето на Светското првенство во водени спортови што се одржува во Доха.
Во првиот полуфинален меч, Азурите ја совладаа Шпанија која пред еден месец стана Европски шампион.
Откако двете селекции во првата четвртина постигнаа со еден гол (1-1), во втората Азурите направија два гола предност (4-3).
Во третиот кварта, Италија додаде уште еден гол предност, за во последната да влезат со резултат 6-3. Тоа се покажа како решавачки иако европскиот шампон го доби последниот период со 3-2. Сепак Италија славеше со конечни 8-6.
кој ќе биде противник на Италија во дуелот за златото ќе дознаеме по полуфиналниот меч меѓу Хрватска и Шпанија.