Ракометното „Супер дерби“ меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и Вардар, денеска е во фокусот на вниманието на македонската спортска јавност.
Ова ќе биде дури четврти меч во оваа сезона меѓу лутите ривали. Вардарци го добија Супер купот, победија на домашен терен, но иако загубија во Битола, излегоа како „победници“.
Како и изминатите така и на овој натпревар се очекува жестока битка слета тренерот на црвено-црните, Владо Недановски.
„Ќе биде празник за ракометот. Ова е натпревар на најголемите ривали во државата.
Пелистер игра пред своите навивачи, па фаворитската улога им ја препуштаме на нив.
Но, ние нема да одиме и да се предадеме, напротив, ќе се бориме за поволен резултат.
Не знам дали тоа ќе биде доволно за да победиме, но ќе сториме сé, па ќе видиме каков ќе биде исходот на крај“, изјави Недановски.
Ракометното „Супер дерби“ што ќе се игра во Битола, ќе почне од 18 часот.
Натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар, може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)