Кошаркарите на Пелистер ја остварија 12-тата победа во прволигашката конкуренција.

Во воведниот натпревар од 17.коло, пелистерци пред својата публика го совладаа Феникс со 71-67.

Скопскиот тим го доби првиот период со 12 разлика (10-22), но во вториот подобар беше Пелистер (21-15). Сепак на пауза Феникс замина со предност од +6 (37-31).

Предводени од расположениот Магдевски кој одлично ги разигруваше соиграчите, домаќините во третиот период го свртеа резултатот и поведоа. Од тогаш до крајот Пелистер беше овој кој ја имаше предноста, а гостите тие кои бркаа негатива. Во таквата игра подобро се снајдоа зелено-белите и заслужено на крајот славеа со 71-67.

Јуре Планиниќ со 21 поен беше најдобар стрелец во победничката екипа, за која Маслинко постигна 15 поени, а имаше и 9 скокови. Андреј Магдевски беше исклучително расположен, па на 11-те поени, додаде 9 асистенции и 7 скокови.

Американецот, Хејс Џонс со 24 поени беше прв стрелец во поразениот тим, а воедно и на натпреварот.

Овие два тима веќе во четврток, ќе се судрат во четвртфиналето на Купот на Македонија, чија завршница ќе се игра во Битола.

По оваа победа Пелистер се проби на второто место на табелата, барем до утре, за кога е закажано дербито меѓу Еуро Никел и Работнички. Битолскиот клуб има бод повеќе од ривалите, а идентични 29 како и лидерот МЗТ Скопје.

Аеродромци попладнево играат против Охрид.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 17.коло
Сабота

ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 71-67
17.00 ГОСТИВАР – ТФТ
18.00 KOЖУВ – ЧАИР
18:00 АКАДЕМИЈА ФМП – ВАРДАР
18.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – ОХРИД
недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – РАБОТНИЧКИ МРТ3