Екипата ТФТ одигра променливо во натпреварот против Кожув, но успеа да оствари важна победа.
Екипата од скопската населба Тафталиџе славеше над гевгелискиот тим со 81-70.
Иако избраниците на Боро Смилковски имаа и 13 поени предност, сепак полувремето го завршија со само три разлика (43-30).
Во третиот период ТФТ одигра одлично и стигна до наголеми +16. Таквата предност се покажа како решавачка па црно-белите на крајот славеа со девет разлика (81-70).
Виктор Ташковски со 21 поени беше најефикасен во победничката екипа, а Американецот, Кахун додаде 15. Добра партија имаше и Страхил Николов кој оствари дабл-дабл со 11 поен и 13 скокови.
Со оваа победа и вкупно 26 бодови, ТФТ се израмни со Феникс на делба на шестото и седмото место.