Комесарот на натпревари при КФМ, го одреди термините за одигрување на натпреварите на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Годинашното издание на купот што го носи името „Благоја Георгиевски – Буштур“ ќе се игра во Битола.

Организаторот КК Пелистер го искористи правото да го бира терминот, па така натпреварот на домаќините со Феникс ќе се игра во последниот термин.

Согласно распоредот, утврдени се сите термини на одигрување на натпреварите.

КУП НА МАКЕОДНИЈА (мажи) – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
четврток (15 февруари)
12.00 МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар
14.30 Еуро Никел – Чаир
17.00 Работнички – ТФТ
19.30 Пелистер – Феникс

Полуфиналните натпревари ќе се играат во петок (16 февруари) од 17 односно 19.30 часот, а финалето во сабота (17 февруари) од 18 часот.