Во Доха, Катар започна Светското првенство во водени спортови. На пливачкиот Мундијал, Македонија ќе биде претставувана со двајца натпреварувачи.
Ева Петровска и Никола Ѓуретановиќ предводени од тренерот Горан Стаменов ќе бидат дел од светската пливачка елита.
Тие ќе имаат по два настапи.
На 11 февруари Ева Петровска ќе настапи во квалификациите на 400 метри слободно, а на 16-ти ќе плива на двојно подолгата делница (800 м.).
И Никола Ѓуретановиќ својот прв настап ќе го има на 11 јануари кога ќе плива на 400 метри слободно. На 17-ти февруари Никола ќе се појави на стартот на квалификациите на 1.500 метри слободо.