Екипата на Челзи е далеку од шампионските денови. Сините од Лондон претрпеа нов пораз, овој пред своите симпатизери од Вулверхемптон со 2-4.
Иако натпреварот одлично започна за домапшниот тим, сепак на крајот гостите се радуваа на трите бода.
Со голот на Палмер во 19.минута Челзи поведе со 1-0. Сепак во продолжението гостите беа оние кои одиграа подобро.
Само три минути подоцна преку Бразилецот, Матеус Куња, Вулверхемптон израмни на 1-1. Во финишот на првиот дел Французинот, Аксел Дисаси си постигна автогол.
Во вториот дел уште еден гол во мрежата на Челзи. За тоа се погрижи одново Куња зголемувајќи на 3-1 за „Вулфс“.
Бразилецот својот хет-трик го комплетира во 82.минута. Четири минути подоцна (86) Тиаго Силва намали на 3-4 што беше и канален резултат на натпреварот.
Со овој исход, екипите си ги сменија местата на табелата, па сега Вулверхемптон е 10-ти со 32, а Челзи 11-ти со бод помалку.