Голем дел од македонските фудбалски екипи како дел од подготовките за продолжението на сезоната во ПМФЛ, одигруваат пријателски натпревари.
Таков беше и денешниот во турскиот туристички центар Анталија, каде актуелниот македонски првак Струга Трим Лум ги прави своите подготовки.
Стружани во дуелот со силната полска екипа Лоѓ беше поразен со 3-4.
Четири гола беа постигнати во првиот дел.
Противникот во два наврати имаше предност, со головите на Летниовски (7.минута) и Дани Рамирез (33). Стружани преку своите најдобри играчи, Марјан Радески и Бесарт Ибраими го израмнуваа резултатот.
Во 23-тата минута Радески по една брза контра израмни на 1-1, а во 39-тата Ибраими со еврогол од 25.метри на 2-2.
Во вториот дел, Ибраими со својот втор гол (57) му донесе предност на македонскиот шампион.
Сепак, втор гол постигна и Рамирез (64) за израмнување, а Пируло од пенал во 80.минута му донесе триумф на Лоѓ со 4-2.