Екипата на Струмица е фаворит број 1 за освојување на шампионскиот трофеј во женското одбојкарско првенство на Македонија.
Струмичанки во првиот дел од сезоната останаа единствената екипа со максимален учинок. На 14-те натпревари тие забележаа исто толку победи.
Конкуренцијата во тимот е голема, но сега и дополнително засилена. Имено Струмица во своите редови ја донесе младата Добрина Хаџи-Тасева.
Станува збор за одбојкарка која игра на позицијата примач и веќе зад себе има забележителни настапи.
18-годишната Хаџи-Тасева во првиот дел од сезоната настапуваше за градскиот ривал Наковски Волеј.
Овие два тима заедно со Јанта волеј и актуелниот шампион Работнички Скопје, ќе разигруваат за шампионската титула во вториот дел од првенството.
Воедно тоа се и четирите екипи главни претенденти за трофејот во националниот куп.