Кошаркарите на Пелистер се изнамачија и одиграа дополнителни пет минути за да ја остварат својата трета победа во АБА2 лигата.
Во натпревар од 8.коло битолчани славеа над Шибенка со 85-78 по продолжение, откако регуларниот дел заврши 69-69.
Иако добро го отворија натпреварот и поведоа со 10-2, во продолжението на првата четвртина ја загубија предноста. По првите 10-минути Пелистер имаше четири негатива (14-18).
Во ист ритам продолжи и вториот период во кој противникот направи и најголеми 16 поени разлика 39-23. Сепак, до крајот на полувремето Пелистер направи серија од 14-2 и на пауза замина со четири негатива (37-41).
И во третиот период бело-зелените ја бркаа негативата. Тоа конечно им успеа во четвртиот односи на неполни 5.минути до крајот кога израмнија на 63-63.
До крајот на мечот се играше кош за кош, се до 69-69. Последните напади за победа ги имаа Американците, Форман кај Шибенка и Најт кај Пелистер, но нивните обиди беа не прецизен.
Во продолжението. Клучниот момент се случи на 90.секунди до крајот која над Планиниќ беше направен неспортски фаул. Тој ги реализира двете слободни фрлања, а потоа и Костовски погоди тројка и ја запечати судбината на Шибенка.
Најефикасен во редовите на Пелистер беше Планиниќ кој на 26-те поени додаде 14 скокови, додека Мијовиќ постигна 23 поени.
Следниот натпревар Пелистер ќе го игра во петок (15 часот) против словенечкиот Хелиос. Веднаш по нив (18 часот) ќе играат кошаркарите ма МЗТ Скопје и тоа против Шибенка.
Попладнево од 18 часот настап ќе има и тимот на ТФТ која за противник ќе ја има екипата на Спартак Суботица.