Фудбалерите на Мали и Јужна Африка го комплетираа списокот на осум репрезентации кои ќе играат во четвртфиналето на Африканскиот Куп на Нации.
Ова откако Мали ја елиминира селекцијата на Буркина Фасо совладувајќи ја со 2-0. Мали за противник во четвртфиналето ќе го ома домаќинот на првенството селекцијата на Брегот на Слоновата Коска.
А, фудбалерите на Јужна Африка во осминафиналето го елиминираа големиот фаворит Мароко. Јужноафриканците славеа победа со 2-0 и закажаа четвртфинале со Тунис.
Останатите два пара во четвртфиналната руна ги сочинуваат, Нигерија – Ангола и ДР Конго – Гвинеја.