Само пет натпревари беа одиграни во НБА лигата, а дербито беше во Сан Франциско.

Домашниот состав на Голден Стејт ја победи Филаделфија со 119:107, но маката на гостите е поголема бидејќи се повреди Џоел Ембид.

Имено, во борбата за топката Ембиид се најде на подот, Куминга падна на неговото колено, а ѕвездата на Филаделфија остана на подот со болен грч. Ембид не можеше да го продолжи натпреварот, а од тимот на Филадејфија стравуваат дека повредата е по сериозна.

Што се однесува до натпреварот, Стеф Кари со 37 поени беше најефикасен во победничката екипа, за која Џонатан Куминга додаде 26 поени.

Бостон одиграа уште еден добар натпревар и ја победи Индијана со 129:124.

Прво име кај „Селтикс“ беше Џејсон Тејтум кој мечот го заврши со 30 поени и по седум скока и седум асистенции. Џејлен Браун додаде 25 поени и шест скока.

На останатите натпревари, Њујорк ја победи Јута со 118:103, Атланта славеше над ЛА Лејкерс 138:122, додека честа на гостите ја спаси Торонто кој по порази Чикаго со 118:107.