Фудбалската федерација на Македонија постигна договор за одигрување на контролен натпревар помеѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Чешка. Чешка и Македонија ќе се соочат на 10. јуни во Прага.
Претходно, нашиот најдобар национален тим на 3. јуни ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека.
„Мило ми е што постигнавме договор со чешкиот фудбалски сојуз да одиграме натпревар кој ќе биде одличен тест за двете селекции. Противникот бараше натпревар против нас, а тоа е потврда и за нашиот квалитет.
Репрезентација на Чешка, учесник на претстојното Европско првенство, ќе биде поттик за нашата репрезентација да влезе во натпреварувачки ритам пред да започнеме со официјалните натпревари од новото издание на Лига на нации.
Чешка има силен тим, но сакаме да видиме каде сме во тој момент и што треба уште да подобриме во пресрет на отворањето на Лига на нации.
Сигурен сум дека гледачите ќе уживаат во квалитетен натпревар, изјави селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски.
Македонија и Чепка досега има одиграно три натпревари. Во квалификациите за СП 2006 загубивме во двете пресметки, а одигравме 1:1 на пријателскиот меч во 2001 година.