Фудбалерите на Арсенал забележаа важна победа и освоија бодови во борбата за шампионскиот трофеј.
Во натпреварот од 22.коло на Премиер лигата, Арсенал како гостин го совлада Нотингем Форест со 2-1.
Иако „топчиите“ од самиот старт тргнаа офанзивно, сепак отпорот на домаќинот го скршија во вториот дел.
Со головите на Габриел Жезус (65.минута) и Бакајоко Сака (72), гостите од Лондон стигнаа до триумфот. Голот за домаќините го постигна Нигериецот, Авони (89).
Арсенал сега е втор со 46 бодови, два помалку од водечкиот Ливерпул, а три повеќе од трето пласираниот Манчестер Сити.
Но, противниците имаат помалку одиграни натпревари, Ливерпул еден, а Манчестер Сити два.