Кошаркарите на Атланта и Торонто го одиграа најнеизвесниот натпревар од синоќешната „скромна“ понуда во НБА лигата.
Минимална победа со 126-125 славеа домаќините „Хокси“ и тоа благодарение на Садик Беј. Имено тој на 1.2 секунди, по промашувањето на Тре Јанг со забивање му донесе триумф на својот тим. Беј натпреварот го заврши со дабл-дабл со 26 поени и 13 скокови, а Јанг на 30-те поени додаде 12 скока. Одличен натпревар одигра и Србинот, Богдан Богдановиќ кој беше трет стрелец со 24 поени.
Залудни останаа 44-те поени на Девин Букер за Феникс кога „Сонцата“ загубија на гостувањето кај Орландо. „Меџикси“ предводени од Банкеро со 24 и Мориц Вагнер со 16 поени и 12 скокови славеа победа со 113-98.
Честа на гостите на синоќешните натпревари ја спаси Чикаго. „Биковите“ славеа кај Портланд со 104-96