Македонската ракометна репрезентација во бараж мечот за пласман на СП 2025 година ќе игра против Фарски Острови.
Селекторот Кирил Лазаров со прв коментар по ждрепката.
„Добивме квалитетен противник кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство.
Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години. Неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна.
Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари.
Имаме подеднакви шанси за пласман на СП 2025″, изјави Лазаров.