Актуелната шампионка на Австралија опен Арина Сабаленка од Белорусија се избори за второ финале во Мелбурн во низа. Таа денес во првото полуфинале ја победи Американката Коко Гоф со 2-0 во сетови (7:6 (7:2) и 6:4) за 102 минути игра. Со овој триумф таа ќе има можност да го брани трофејот освоен мината година.
Сабаленка која е рангирана како втора носителка во првиот сет имаше водство од 2:0 и 4:2 во гемови, но мораше да го спасува сетот откако противничката направи брејк во 11. тиот гем и поведе со 6:5. Сепак Сабаленка успеа да изедначи и тајбрејкот го доби со 7:2 на поени. Во вториот сет имаше само еден брејк (одземен сервис) и тоа во 9. тиот гем го направи Сабаленка за водство од 5:4, а потоа ја искористи втората меч топка.
Во второто полуфинале играат квалификанката од Украина Дајана Јастремска и Кинвен Женг од Кина.