Данил Медведев по голема борба и повеќе од четири ласа игра се пласираше во полуфиналето на Австралија опен.
Русинот во четвртфиналниот меч полн со пресврти го совлада Хуберт Хуркач од Полска со 3-2, по сетови.
Уште во првиот сет кој Русинот го доби во тај-брејкот со 7-4 на поени, беше најавен неизвесниот меч. Во вториот Хркач со два брејка возврати за израмнување (2-6). Третиот му припадна на Медведев со 6-3, а во четвртиот Полјакот возврати со 5-7. Во решавачкиот пети сет Медведев кој е трет носител во Мелбурн направи брејк во седмиот гем што се покажа како решавачки момент.
Противник на Данило Медведев во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот меѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев, кој треба да почне по 10.30 часот.
Во првото полуфинале ќе играат актуелниот шампион и светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и (4) Јаник Синер од Италија.